Коѕијас тврди дека се договорил со Димитров да се ревидираат учебниците по историја во Македонија

28 September, 2017 - 16:07

Грчкиот министер за надворешни, Никос Коѕиас, во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ, најави дека со неговиот македонски колега, Никола Димитров се договориле, да се формира заедничка македонско-грчка комисија од експерти, кои ќе ги разгледуваат македонските учебници, за да се отстранат сите иредентистички изјави, мапи и текстови.

„Да одиме на Скопје. Ги чекаме изборите во октомври, ќе има таму и врот круг. Ќе видиме дали новата Влада добива поголема сила или не, и потоа Владата во Скопје да покаже дали може да влезе во сериозни преговори за името. Сакам да ви кажам дека проблемот за името зад себе крие и еден проблем на иредентизам, се надевам дека од нивна страна ќе бидат преземени мерки за ограничување на иредентизмот. Во Њујорк имавме средба со министерот за надворешни работи на соседната земја, Никола Димитров. Сакам да ви кажам дека станува збор за извонредно интересна личност, со кого  се договоривме да создадеме комисија која ќе изврши надзор на сузбивање на иредентизмот во учебниците. До крајот на ноември се надеваме дека ќе имаме првични резултати од ова, односно да се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии. Ова е многу значаен чекор.“

„За Скопје сакам да ве прашам дали останува ставот од Букурешт ако не се реши проблемот со името, нема да може да бидат членки на НАТО и ЕУ?

„Нашата соседна и пријателска земја, нагласувам пријателска, бидејќи нашите народи имаат многу пријателски односи, нема да може да стане членка на меѓународни организации од типот на НАТО или ЕУ без да се реши прашањето за името. Така е предвидено и во времената спогодба која ја потпишавме во средината на 90-тите. Слабоста на времената спогодба беше тоа што предвидуваше прашањето за името да се реши брзо и затоа не предвидуваше кои чекори да бидат преземени, ако не се реши ова прашање. И во суштина, нашиот сосед со децении, не преговараше суштински. Во медиумите се зборува дека грчкиот предлог е решението за името да биде Вардарска Македонија. Ние такви предлози немаме дадено, а секој може да си пишува што сака. 

Веста е прочитана 6759 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.