Климатските промени ги зголемија цените на зеленчукот и овошјето

13 August, 2017 - 15:13

Климатските промени ќе удрат по џебот на земјоделците. Значително повисока е производствената цена на зеленчукот и овошјето поради големите трошоци кои што ги имаат земјоделците дури нивните производи стасаат на пазарот. Особено високите температури се најголем предизвик за градинарите од струмичко кои мораат да го заштитат сезонското производство од горештините.

Велков вели дека високите температури можат да донесат и штетници, а доколку стигнат обични врнежи, растенијата ќе се соочат и со многу болести.

Не само полјоделството, земјоделските експерти предупредуваат дека климатските промени влијаат и во сточарството. Особено треба да се внимава на ширење на заразни болести кај добитокот, што се смета за еден од најголемите предизвици кои што се директна последица на климатските промени.

Препораките се производителите и одгледувачите да почнат да се прилагодуваат и промените во начинот на работа да почнат токму од нив, индивидуалните градинари и фармери, со цел да се намали влијанието на климатските фактори.

 

Сузана Мицева

Веста е прочитана 1054 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.