Ќе се менува Законот за авторско право и сродни права

28 July, 2017 - 10:29

За својата песна , „ Чија си “ , прогласена за мелодија на векот, композиторот Славе Димитров, како што рече, на годишно ниво од тантиеми добил само 280 денари. Тој се пожали дека претходната власт со измените на Законот за авторско право и сродни права, од 2013, 2015 и 2016 година,  направила хаос во воспоставувањето ефикасен систем за остварување на колективните права.

- Со таквиот однос на Министерството за култура, ние носителите на права страдавме. Особено јас зашто престанав да компонирам, се бавев со оваа материја, одев по судови и тоа мене ме чинеше 20 илјади евра до сега, а не сум заработил ништо од авторски права, изјави композиторот Славе Димитров. 

Радиодифузерите  побара да се укине обврската за емитување 50% македонска музика со Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги и го обвинуваат Здружението за заштита на авторски музички права за монопол. Но, од ЗАМП демантираат.

 - Проценти за македонска музика се предвидени во Законот за аудио и аудио- визуелни медиумски услуги и ЗАМП, согласно шпалтите кои што ги добива, ги распределува парите на авторите, изсјави Зоран Васковски- ЗАМП.

 Предлог - Законот за измени на Законот за авторско право и сродни права ќе биде ставен на јавна расправа во септември, а ќе биде испратен и на експертиза во ЕУ.

- Министерството за култура, согласно ЕУ директивите и меѓународната пракса за оваа област , ќе пристапи кон итно разгледување и решавање на барањата од организациите за колективно управување  и други субјекти, на кои поранешното раководство на Министерството за култура и покрај својата законска обврска, не одговорило, изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски. 

Има барања и незавршени постапки од минатата година, додаде министерот Алаѓозовски. 

 

Сотир Трајков

 

 

 

Веста е прочитана 904 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.