Казуо Ишигуро добитник на Нобеловата награда за литература

5 October, 2017 - 13:36

Британскиот писател Казуо Ишигуро е добитник на Нобеловата награда за литература. 

Шведската академија не беше во можност да стапи во контакт со Казуо Ишигуро, лауреат на Нобеловата награда за книжевност за 2017 година, пред денешното објавување, соопшти постојаниот секретар на Академија, Сара Даниус.

- Ќе се обидам да го исконтактирам сега, изјави Даниус за шведското радио во седиштето на Академијата во Стариот град во Стокхолм.

Таа истакна дека Казуо Ишигуро е „брилијантен романсиер“, додавајќи дека лауреатот може да се спореди со „комбинација на Џејн Остин и Франц Кафка".

- Тој е длабоко оригинален автор, кој развил своја романсиерска естетика, истакна  Даниус. 

Нобеловата награда за литература е првпат доделена во 1901 година. Оттогаш шведската Академија на науките доделилла 110 награди на 113 лауреати.

Награда не е доделена седум пати – во 1914, 1918, 1935, 1940, 1941, 1942 и 1943 година.

Неколку факти:

- Најмладиот лауреат бил Рудјард Киплинг, кој имал 41 година кога победил во 1907 година. 

-  Најстариот добитник билa Дорис Лесинг. Наградата ја добилa во 2007 година кога ималa 88 години.

-  Двајца одбиле – Борис Пастерналк во 1958 година, првично ја прифатил, па подоцна одбил поради притисоци и Жан Пол Сартр во 1964 година.

-  Четиринаесет жени се добитнички на таа награда. Прватаа жена била Швеѓанката Селма Лагерлоеф во 1909 година.

-  Изненадувачки - во 2016 година таа награда ја доби Боб Дилан, во 1953 – Винстон Черчил

-  Најнаградувана е – прозата

-   Веќе 50 години во тајност се чуваат номинациите и мислењата на членовите на Комитетот за награди.

Веста е прочитана 380 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.