Катастрофална година за македонските пчелари

13 August, 2017 - 17:00

Климатските промени се одрзаија и врз производство на мед во земјава. Пролетните мразеви, сушата и пеколните температури влијаат катастрофално врз пчелраството во источниот регион. Производителите на мед забележуват дека ова е најлошата година, кога во кошниците нема доволно мед ниту пчелите да се прехранат. 

Пчелните семејства се се помалубројни. Пчеларите бараат надлежните да излезат на терен да ја согледаат состојбата со пчеларството во земјава. 

Пчеларите од министерството за земјоделство бараат да се прогласи елементарна непогода, бидејќи сушата им ги редуцираше пчелните семејства. Недостатокот на мед ја покажи и малопродажната цена на 400 денари во источниот регион, додека во западна Македонија една тегла мед се продава и од 500 до 600 денари. Штипските пчерали сметаат дека ваквата состојба ја искористија трговците за да увезат мед од странство. Во овој регион од производство на мед и други производи егзистираат над стотина семејства.

Веста е прочитана 2840 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.