Караџовски тврди дека правдата во Македонија е еднаква за сите

20 September, 2017 - 18:02

Караџовски убеден дека правдата во Македонија е подеднаква за сите, и дека важи и за судиите кои погрешиле од законот. Но за извештајот на Прибе кој констатира дека неколкумина високопозиционирани судии работат за политичко-партиски интереси и ги контролираат останатите судии, со награди за послушните и казни за судиите кои поинаку размислуваат, претседателот на судскиот совет смета дека е донесен врз основа на непоткрепени тези во јавноста.

Прибе во својот извештај препорачува сите судии и обвинители кои работеле политички, а не во име на правдата и сториле кривични дела да одговараат и да добијат забрана да се занимаваат со право. За експертите тоа е револуционерен предлог, за оние кои сметаат дека се осудени во политички монтирани процеси извештајот на Прибе треба да им донесе повторување на судските процеси, а Караџовски вели дека треба да се оди по закон кој јасно предвидува кога се повторува судење.

Додека судството повторно е на тапет кај Прибе, министерот за внатрешни Спасовски вели дека реформите на разузнавачките служби кои ги бара Европа се во тек.

Спасовски најави дека до крајот на септември ќе биде формиран и национален координативен центар за борба против организиран криминал и корупција, а Прибе во својот извештај бараше одделот на МВР за организиран криминал да биде поактивен во својата работа.

 

 

Миомир Серафиновиќ

Веста е прочитана 569 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.