Кандидат за советник од Општина Кочани повикан во полиција

13 October, 2017 - 15:48

Кандидатот за советник од Општина Кочани од листата на ВМРО-ДПМНЕ, Бејсим Шакиров вчера доцна попладнето е повикан на информативен разговор во полициската станица. При претресот кај него биле пронајдени 6.000 денари и списоци со имиња на лица кои се членови на избирачки одбори. Кандидатите за советници, меѓу кои и Шакиров и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната пресконференција обвинија дека повикувањето на разговор, и како што велат тие, запленување на автомобилот и мобилните се дел од црната кампања на нивниот политички противник. Сметаат дека на нивниот кандидат во време на кампања му е спречено правото да агитира кај гласачите.

Надлежните од СВР Штип денеска со став дека неможат да дадат повеќе детали околу овој случај, кој се уште се истражува.

Викторија Димитрова Јованова

Веста е прочитана 1213 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.