Кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ повикан во полиција

13 October, 2017 - 11:13

Кандидат за советник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Кочани синоќа бил повикан во полиција на разговор поради сомневање дека поткупувал гласачи. Кај него, како што се наведува, биле најдени поголема сума пари и список на гласачи од еден дел на општината Кочани.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше со соопштение во кое тврди дека сослушувањето на нивниот кандидат за советник во Кочани е одраз на стравот на СДСМ од изборниот пораз. Toa, според партијата, e само обид на затскривање на вистинските нерегуларности кои се случија во овој предизборен период.

Во Македонија в недела ќе бидат одржани шесттите локални избори на кои се избираат градоначалници и советници во 80 општини и градот Скопје. Кампањата завршува денеска на полноќ, кога почнува изборниот молк.

Веста е прочитана 1216 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.