Јавното обвинителство вели дека е ненадлежно за крстот за Заев

13 December, 2016 - 16:46

И од јавното обвинителство на РМ ни одговорија дека не се надлежни за погребалниот крст за Зоран Заев, лидерот на СДСМ, со кој шетале повеќе лица на прославите на ВМРО-ДПМНЕ, а еден од крстоносците беше и учителка по одделенска настава од битолското училиште Свети Кирил и Методи. Според обвинителството такви дела се гонат по приватна тужба. Народниот правобранител Лилјана Илиевска од Битола смета дека со крстот е направено дело говор на омраза како дискриминација по политичка припадност.

-Настанот за кој покажувате интерес не е санкциониран во Кривичниот законик како кривично дело кое се гони по службена должност, па Јавното обвинителство нема надлежност да постапува, ни одговорија од прес службата на ЈОРМ.

Миомир Серафиновиќ

Веста е прочитана 285 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.