Иванов ќе му го врачи мандатот за состав на новата Влада на Заев

17 May, 2017 - 11:07

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во 12 часот ќе го врачи мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, информираат од кабинетот на Претседателот на РМ.

Врачувањето на мандатот следува откако претседателот Иванов доби известување од собранискиот спикер Талат Џафери дека е формирано парламентарно мнозинство.

Претседателот Иванов претходно одбиваше да го додели мандатот и бараше гаранции за зачувување на унитарноста на државата и почитување на Уставот.

Веста е прочитана 36200 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.