Истражителите се сомневаат дека Панчевски од својот дом имал пристап до „АКМИС“ системот

8 October, 2017 - 17:25

СЈО го истражува експретседателот на кривичен Владимир Панчевски за злоупотреба на службената положба, за оддавање службена тајна и за помагање на сторител по извршено кривично дело, а не за незаконско прислушкување и уцена објаснуваат од СЈО по вчерашните обвинувања од Панчевски. Според информациите на Телма причина за претресот во домот на Панчевски е да се пронајдат докази, бидејќи се сомневаат дека како поранешен претседател на судот и актуелен судија се уште има пристап до информатичкиот систем за судските предмети „АКМИС“ и на тој начин дознавал тајни податоци за актуелните постапки.  Бидејќи станува збор за предистражна постапка од СЈО не сакаат да коментираат дали претресот во неговиот дом е поврзан со постапката што ја водат за бизнисменот Љупчо Палевски кој пак е осомничен за незаконско прислушкување .

Од СЈО ги демантираат сите обвинувања на Панчевски од насилен претрес па до кражба на клуч. Со оглед на тоа дека го снимиле претресот со камера ќе направат анализа на снимките. За сите деталаи но и за фактот дека биле снимени од камери во домот на Панчевски ќе се произнесат дополнително.

Најостро ги демантираме сите наводи на Панчевски. Ќе ги направиме сите проверки и ќе излеземе со официјален демант утре.  Апсурдни се наводи дека некој одземал клуч  со цел да се изврши упад или некаква монтажа. Ние не користиме такви методи.  Нашите начини на дејствување се транспарентни и законски.

Од МВР потврдија дека Панчевски во петокот пријавил украден клуч во полициска станица.

Наредбата за претрес во неговиот дом ја издал гевгелискиот суд поради судир на интререси. Панчевски го оспорува ваквиот потег бидејќи смета дека е прескокната скопска апелација. Од СЈО велат дека тоа е законски се повикуваат на одлуки на судот во Стразбур, а посочуваат дека и претходно имало слична пракса во Македонија.

Поранешни и актуелни судии  велат никој ниту претседателот на судот не смее да влегува во предметите на конкретен судија, но со оглед на случувањата изминатите гдини велат постојат сомнежи, но оставаат истрагата  да го утврди тоа.

Елена Ивановска Мукоска

Веста е прочитана 7738 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.