Именувани нови членови во Управниот одбор на „Струшки вечери на поезијата“

21 August, 2017 - 13:02

Министерството за култура именуваше нови членови во Управниот одбор на Манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“.

Како членови на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата од редот на истакнати уметници и културни работници се именувани проф. д-р Елизабета Шелева, Лидија Димковска и Димитрие Дурацоски.

Проф. д-р Елизабета Шелева, ќе биде претседател на Управниот одбор на СВП. Таа е редовен професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Претседавач е на Здружението на независните писатели на Македонија и членка на македонскиот ПЕН центар. 

Лидија Димковска е лектор по македонски јазик и книженост, живее во Љубљана и преведувач на романска и словенечка литература на македонски јазик.

Димитрие Дурацоски е писател и сликар од Струга и моментално е претседател е на жирито за Меѓународната книжевна награда Виленица во Словенија.

Во продолжение на ова известување следуваат биографии на новоименуваните членови на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.

 

Веста е прочитана 2566 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.