Груевски ветува транспарентна постапка за избор на нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ

6 December, 2017 - 16:20

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка, Никола Груевски, ветува транспарентна постапка во изборот на неговиот наследник. Но, не сака да одговара на прашањето кој од можните кандидати е негов фаворит.

Иако формалната постапка за утврдување кандидати за претседател на партијата не е ни отпочната, јавноста шпекулира со барем четворица кандидати: Христијан Мицковски, Илија Димовски, Антонијо Милошоски и Никола Тодоров. За аналитичарите, утврдувањето повеќе од еден кандидат е демократска категорија.

Дел од основачите на партијата, кои се оддалечија од актуелното раководство, сметаат дека за избор на нов лидер не треба да одлучуваат само делегатите на Конгресот, избрани по вкусот на актуелниот претседател, туку поширокото членство.

Извршниот комитет на партијата донесе одлука на 23 декември да се одржи вонреден конгрес на кој би се констатирала оставката на Груевски и би се избрал нов претседател. Деновиве, лидерот треба да закаже седница на Централниот комитет, како дел од процедурата на подготовка за одлуките што треба да ги донесе Конгресот.

Соња Николовска

Веста е прочитана 2354 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.