Грција на Македонија ќе и го предложи името Вардарска Македонија

18 June, 2017 - 15:45

Вардарска Македонија,  ќе биде грчкиот предлог до македонската Влада за решавање на спорот за името, пренесува грчкиот неделник „Риал њуз“.

Весникот пишува дека, грчката Влада, смета дека географската одредница „Вардарска“,  би ги исклучила сите иредентистички барања од македонска страна, пренесува Радио слободна Европа. Неделникот, пишува и дека алтернативен предлог на грчката страна, можно е да биде Република Скопје, кој македонската страна го има одбиено во преговорите во претходните години.

Весникот пишува дека овие предлози ги знаат и македонската Влада и медијаторот Метју Нимиц.

Веста е прочитана 21554 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.