Граничниот премин Евзони делумно одблокиран

17 February, 2017 - 10:32

Граничниот премин „Богородица - Евзони“ на македонско - грчката граница по 18 дневна целосна блокада од страна на грчките земјоделци, утрово е делумно деблокиран.

На грчка страна тракторите се уште стојат на местото каде што беа поставени но таму нема луѓе и едната лента од меѓународниот автопат е слободна за сообраќај.

Официјално сеуште течат преговорите на грчка страна со земјоделците кои треба да одлучат дали во текот на денот целосно ќе ја отстранат блокадата на автопатот Скопје - Солун и ќе преземат други мерки за изразување на нивниот револт откако не им успеаја преговорите со грчката влада.

Македонското Министерство за надворешни работи веќе упати протестна нота до грчкото Министерство за надворешни работи во која се бара да биде решен проблемот во најбрз можен рок. Писмо е испратено и до Европската комосија.

Веста е прочитана 1135 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.