Градоначалници со најдолг стаж бараат нов мандат

12 October, 2017 - 16:18

16 години се на чело на општините и сакаат и понатаму да останат во истите фотељи. Градоначалниците на Демир Капија, Трајче Димитриев и на Пласница, Исмаил Јахоски управуваат со општините веќе 4 мандати, а се кандидирале повторно. Законски, тоа им е дозволено, затоа што во Македонија нема ограничување на мандатот. Но, дали е и етички да останат толку долго на истата функција? Аналитичарите велат дека, ограничувањето на мандатот не е нужно, но, дека државата треба да преземе сериозни мерки и да ги засили контролите за корупцијата на локално ниво.

Гаџовски укажува дека, мандатот не треба да се ограничи со закон, затоа што постојат и позитивни примери, кога граѓаните се задоволни од работата на градоначалникот. Како таков го посочи загрепскиот градоначалник, Милан Бандиќ, кому ова му е шести мандат. Кај нас во ЗЕЛС имаше расправа за ограничување на 3 мандати, но ништо конкретно не беше преземено околу тоа. Функционерите, пак, го занемаруваат етичкиот аспект и самите не знаат кога е доста. Осум кандидати на овие избори имаат веќе три мандати зад себе. Тоа се Николче Чурлиновски од Валандово, Жика Стојановски од Илинден, Стевчо Јакимовски од Карпош, Мите Андоновски од Кратово, Милосим Војневски од Македонски Брод, Лазар Котевски од Новаци, Марјан Ристески од Прилеп и Тони Коцески од Јегуновце. 19 од кандидатите имаат по два мандати, а 25 по еден мандат зад себе како градоначалници.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Веста е прочитана 2746 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.