Големиот Левин суспендиран од Метрополитен поради сексуално малтретирање

4 December, 2017 - 20:43

Метрополитен операта во Њујорк ја прекина долгогодишната соработка со диригентот Џејмс Левин, во очекување  на истрагата за наводно извршени сексуални злоставување од негова страна.

"Г-дин Левин нема да биде вклучен во било какви активности на Метрополитен, ​​вклучувајќи ги и закажаните настапи со Метрополитен, оваа сезона", изјавија од њујоршката опера.

Од таму рекоа дека го назначиле Роберт Џ. Клири, поранешен американски адвокат и актуелен шеф на Истражниот оддел во адвокатската фирма Прокауер Роуз, за ​​да ја води истрагата за наводите, кои датираат од 1960-тите до 1980-тите. Потегот за суспендирање на Левин дојде еден ден откако „Њујорк пост“ објави дека едно лице за кое е обвинет Левин, тврдело дека имало сексуален контакт со диригентот и педагог, кога бил тинејџер, за што е поведена истрага. Во неделата, „Њујорк тајмс“ објави слични извештаи од двајца други мажи кои го обвинуваат Левин за сексуално малтретирање. Еден од оние за кои се терети Левин е Ашок Паи. Според „Тајмс“ Паи изјавил дека тој бил сексуално малтретиран од Левин, почнувајќи од летото 1986 година, кога имал 16 години. Тој го пријавил во полициската станица кај езерото Форест,  во Илиноис, во октомври 2016 година. Детали од полицискиот извештај беа за прв пат објавени во саботата, на веб-страницата на „Њујорк пост“. А, официјални претставници рекоа дека дознале за полицискиот извештај минатата година. Паи рекол дека дал изјава во полициската станица во Лејк Форест, бидејќи некои од неговите средби со Левин се одржале таму, во средината на 1980-тите. Левин бил музички директор на фестивалот Равинија, надвор од Чикаго, од 1973 до 1993 година.

 

Веста е прочитана 3052 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.