Годинава нема да се додели титулата Национален уметник

29 August, 2017 - 20:03

Оваа година нема да се додели титулата Национален уметник. Владата ги прифати  препораките и заклучоците на Министерството за култура, и одлучи оваа година да не се додели титулата “Национален уметник за 2017 година”, бидејќи ниту еден од предложените кандидати не ги исполнува условите утврдени со Законот за национален уметник на Република Македонија.

Титулата Национален уметник ја доделува Претседателот на Република Македонија врз основа на предлог од министерот за култура, а по претходно мислење на комисија.

Прв пат ваква титула е доделена во 2011 година на пијанистот Симон Трпчевски.

Добитници на титулата се и режисерот Милчо Манчевски, пејачката Есма Реџепова, оперските пејачи Борис Трајанов и Ана Дурловски и поетот Никола Маџиров. 

Веста е прочитана 978 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.