Генералниот секретар на Собранието ќе добие пет заменици?!

17 November, 2017 - 18:28

Генералниот секретар во Собранието наскоро ќе добие пет заменици. Пратениците ја завршија расправата за ова прашање, а ќе гласаат идната недела, затоа што денеска немаше кворум. Опозицијата се спротивстави,  затоа што е вистинска реткост на столчето на генералниот секретар некогаш да седне барем еден заменик, а камоли пет. Ова, велат, се прави само за да се задоволат апетитите на коалиционите партнери.

Парламентарното мнозинство се бранеше со обвинувања за лицемерие.

Покрај пет заменици на генералниот секретар, мнозинството предлага и пет потпретседатели на Собранието. Во сите пратенички состави досега, на тие функции имаше по двајца.

Далиборка Демјанска

Веста е прочитана 1270 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.