ФБИ отвори истрага за насилствата во Шарлотсвил, претседателот Трамп ги осуди инцидентите

13 August, 2017 - 15:03

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) и сојузните обвинители покренаа истрага за можното кршење на човековите права за време на синоќешните инциденти во Шарлотсвил  во кои три лица ги загубија животите а 35 беа повредени.

Алекс Филдс (20) од Охајо е човекот кој со својот автомобил се заби го толпата граѓани кои протестираа против маршот на расистите и десничарите. Во инцидентот настрада една жена а 19 беа повредени. Двајца полицајци загинаа кога се урна нивниот хеликпоер со кој ја следеа состојбата во Шарлотсвил.

Гувернерот на Вирџинија Тери Меколифи прогласи вонредна состојба пред одржувањето на маршот на „белите националисти“ кои протестираа пред универзитетот Вирџинија поради најавата дека ќе се тргне статуата на генералот Роберт Ли од Граѓанската војна во САД.

Претседателот  Доналд Трамп изјави дека во САД нема место за  насилствата што што се случија за време на протестите на десничарите и расистите и апелираше до граѓаните да се "обединат како еден". Тој во својата изјава ги осуди двете страни кои учествуваа во инцидентите.

 

Веста е прочитана 1494 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.