ЕУ бара реформи

24 January, 2017 - 15:48

Eврокомесарот за проширување Јоханес Хан очекува во Македонија брзо да биде формирана влада која ќе биде пооддржана од широко парламентарно мнозинство. Во обраќањето пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа во Стразбур Хан беше категоричен дека само вака поддржана влада ќе моѓе да ги спроведе неопходните реформи и да направи голем чекор напред кон Европската Унија.

„Се надевам дека наскоро ќе биде формирана новата влада, подржана од мнозинството со цел да продолжи да отврора европски перспективи за земјата, за да можеме набрзо да ги започнеме преговорите за членство и поглавјата за преговори едно по друго. Но, потребно е за тоа да се исполнат некои услови. Тоа ќе биде можно само ако има широко парламентарно мнозинство кое ќе ја поддржи владата на оваа земја. Само тогаш можат да бидат донесени потребните мерки“, Јоханес Хан, европски комесар за соседска политика и проширување.

 Хан пред европарламентарците објасни дека ова уставно мнозинство во македонскиот парламент е потребно и за да се реши проблемот со името за да се напредува за членство во Унијата и затоа очекува наредните недели да се формира ваква влада.

Тоа го очекува и известувачот за Македонија во Европскиот Парламент Иво Вајгл кој  во својот нацрт извешај  бара наместо политичката поларизација, сериозна посветеност на сите политички сили во земјата за спроведување на робустни реформи. Итните реформски приоритети  треба да се направат во судството, јавната администрација, медиумите, невработеноста кај младите, но и отстранување на недостатоците во изборниот процес, како притисоци и купување гласови, пред одржување на локалните избори. Но додека се преговара  за влада, не се споменува ниту еден од овие проблеми.

Вајгл бара Европската Комисија да даде оценка за Македонија порано отколку за другите земји кандидати, односно до крајот на 2017 со што може да се згоолемат шанските за напредок или земјата да остане заборавена во регионот.

 Сања Васиќ

 

Веста е прочитана 1033 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.