Ердоган: Без размислување го потпишувам законот за смртна казна

18 March, 2017 - 16:16

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека очекува Парламентот да го усвои враќањето на смртната казна, по одржувањето на референдумот  на 16 април. На синоќешниот митинг во Истанбул тој рече дека семејствата на мачениците, хероите, не треба да се грижат, бидејќи верува дека по референдумот,  Парламентот ќе го изгласа законот за враќање на смртната казна, а тој како што рече „без размислување“ ќе го потпише.

Овој потег би можел да стави крај на патот на Турција кон членство во ЕУ, оценуваат западните медиуми. Во контекст на ова оди и изјавата на германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габријел, кој во интервју за германски Шпигел рече дека шансите Турција да стане дел од унијата никогаш не биле помали. 

Веста е прочитана 975 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.