Експропријацијата ја кочи гасификацацијата

14 November, 2017 - 11:49

Значителен дел од планираните 2,19 милијарди денари за процесот за гасификација со Предлог буџетот за 2018 година се наменети за бројните експропријации на земјиштето, кои се клучен проблем за овој проект, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Конкретно, наведе има сериозен проблем на кракот за поврзување од Неготино до Битола, во делот пред Прилеп, каде се регистрирани огромен број експропријации, а ист е случајот и кон Тетово. Добар дел од средствата што се предвидени за гасификацијата се однесуваат за  експропријацијата на земјиштето која треба да се направи со цел да се излезе побргу од таа работа и да може да се догради гасоводниот систем, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при учеството на форумот „Регулатива од областа на просторното планирање, градежно земјиште и поставки за градење“.

Министерот потенцираше дека гасификацијата, за која со планираните капиталните инвестиции за следната година се одвоени 310 милиони денари повеќе од лани, е исклучително значаен проект за граѓаните и дел од владината програма.

Веста е прочитана 570 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.