Експертите бараат нова стратегија против антиевропското расположение

19 December, 2016 - 16:11

Мора да се изгради нова комуникациска стратегија кон Европската унија, за да се  намали ефектот од антиевропското расположение, кое расте во целиот Западен Балкан, а го потхрануваат политичарите, беше потенцирано на денешната трибина на Институтот за европска политика. Реториката на политичарите, според аналитичарите, создава непријателска атмосфера кон се што е странско, а јавноста заборава на европскиот сон.

Пораките доаѓаат по прогласот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој на само неколку метри од зградата на Европската комисија, од пред седиштетео на ДИК, рече дека некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата и дека тоа мора да запре. Исто така, соопшти и дека, неговата партија го напушта форматот на преговори со други партии каде учествуваат странски претставници. Оваа новонастаната ситуација, според експертите, сега го отвара и прашањето, што понатаму?

Решението, вели Ристовска, ќе мора да се бара заеднички, а иднината да ја градиме заедно. Земјите од Западен Балкан мора да работат на национално, регионално и локално ниво, да се основаат партнерства за да се убедат земјите од ЕУ дека и ние сакаме да бидеме дел од нив и дека ќе им донесеме одредени вредности.  

Далиборка Демјанска

Веста е прочитана 510 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.