ЕК: Хан ќе се сретне само со политичките претставници

20 March, 2017 - 15:48

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, утре нема да се сретне со претставниците на граѓанската асоцијација „За заедничка Македонија“ кои ги предводат протестите за, како што велат, зачувување на унитарноста на Македонија.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, потврди дека Хан, кој утре доаѓа со тројца европратеници, ќе се сретнат само со претставници на партиите.

Веста е прочитана 2348 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.