Џафери ги дисциплинира пратениците и министерот

14 July, 2017 - 16:51

Ова беше само почеток на начинот на кој што претседателот на собранието Талат Џафери денеска одлучи да ги дисциплинира пратениците кои дофрлаа од место, а ситуацијата не можеше да ја смири ниту звончето. Строгото спроведување на деловникот тој го примени и на министерот од коалициониот партнер Драган Тевдовски, а врвот на тензичната атмосфера беше кога му го исклучи микрофонот и го испрати на своето место бидејки му истече времето предвидено за обраќање.

Пратенците од власта побараа точката да се врати за да може да почне расправата за ребалансот.

Подоцна пратениците собраа 20 потписи за да може оваа точка да се расправа на итна седница, а завршната сметка на буџетот за 2016 се одвиваше и на комисиската расправа. За власта буџетот на 2016-та е слика за владеењето на ВМРО – ДПМНЕ, а за опозицијата тој е одраз на домаќинското работење на претходната власт.

Буџетот за 2016 имаше два ребаланси и според завршната сметка  потфрлиле и приходите и расходите и  капиталните иневстиции. Собраниската процедура за ребаланс на буџетот почнува во понеделник.

Виолета  З Стојановска

Веста е прочитана 8917 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.