Две сетстри 13 години заклучени во својот дом во Битола

7 September, 2017 - 15:42

Тринаесет години  заробени  во сопсвениот дом. Вака живеат две сестри на возраст од околу четириесетина година во стан на  улицата Димче Лахчански во Битола, кои мајката, по смртта на таткото во 2004 година,  ги заклучила и не дозволува никаков контакт со надворешниот свет.

Ова за Телма го раскажуваат соседите кои сепак не сакаа да се открие нивниот идентитет. Мајката и ќерките живеат од скромна пензија, но со исклучена струја, често гладни и жедни. Од здрави, прави и високообразовани личности, двете сестри сега се оболени, приковани за кревет, живеат во нехигиенски услови, со рани по целото тело, а од станот се слушаат лелеци.

„Таман ќе си дојде мајка им сестрите се смируваат. Што им прави не знаеме. Затоа сакаме да се преземе нешто да се влези внатре да се види што се случува. Едната вика, едната плаче“, рече сосетка. 

Велат дека досега повеќепати побарале помош од социјалните служби и полицијата, но не успеале да ги спасат сестрите од заложништвото на нивната мајка. Пред две години, соседите по силните врискотници и лелекање на двете сестри повикале итна помош, полицијата  ја обила вратата од станот, ги изнеле двете сестри, целосно деформирани во надворешниот изглед, на носилки биле однесени и задржани на болница, со сериозно нарушено здравје. Но, по излегувањето од болница, продолжил истиот третман на нивната мајка, под клуч и без контакт со надворешниот свет.

„Толку се загадени, ни капени ни миени. Дваесет дена ни вода ни леб, само повраќаа пред да одат на болница“, рече сосетката.

„Бев присутна кога ги вадеа од дома, имаше полиција пожарна, полиција, кога ги видов сестрите беа како зомби. Многу потечени, испиени, страшна слика, со рани по целото тело“, раскажува сосетката.

Соседите се сега сериозно загрижени, велат дека веќе извесно време  од едната сестра не се слуша никаков глас, а лелеците од другата  се слушаат низ цела зграда. Никој не знае што се случува во нивниот дом. 

„Има неколку месеци од Елена не се слуша никаков глас, само од Наташа“, рече состката. 

Кои се мотивите мајката да ги заклучи двете возрасни ќерки и да ги изолира од надворешниот свет, никој не знае. Од Центарот за социјални работи во Битола велат дека се запознати со случајот за кој пред повеќе години бил оформен и предмет, а пред неколку години го платиле и болничкото лекување на сестрите. Денеска откако Телма се заинтерсира за случајот, од екипи на  Центарот за социјална работа, полиција и итна помош се обидоа да влезат во станот. По полчасовно тропњае на врата и барање да влезат, никој не одговори, по што надлежните заминаа.

Емилија Мисирлиевска

Веста е прочитана 38387 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.