Двајца македонски рудари загинаа во рудник во Србија

12 September, 2017 - 16:05

Во српскиот рудник Лече во околината Медвеѓа синоќа околу 23 часот настрадаа двајца рудари од Пробиштип и Крива Паланка. Колегите на 53 годишниот Т. Н. 48 годишниот З. П. за српските медиуми изјавуваат дека несреќата се случила за време на минирање во една од јамите во рудникот. Македонските рудари не се навреме повлекле и се задушиле од гасовите во јамата. Додека други рудари тврдат дека дцајцата македонски рудари се загушиле по минирањето.

Лекарите од Здравствениот дом во Медвеѓе само ја констатирале смртта. Истрагата е во тек, а телата на загинатите рудари ќе бидат предадени на обдукција. Надлежните од министерството за надворешни работи го потврдуваат случајот и велат дека во тек е увидот на Државниот рударски инспекторат во Србија по што извешатјот ќе биде предаден во македонската амбасада во Белград.

Двајцата македонски рудари во овој рудник работеле околу четири години, а претходно биле рудари во руднците за олово и цинк во Злетово и Тораница. Стотина македонски рудари од рударските општини Пробиштип и Крива Паланка пред да се рестартираат рудниците за олово и цинк од бугарската компанија Булмак  заминаа  да работат во српските или косовските рудници, со цел да обезбедат егзистенција за своите семејства. 

Викторија Димитрова Јованова

 

Веста е прочитана 1232 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.