ДУИ викендов ќе донесе одлука

16 February, 2017 - 15:49

ДУИ очекува епилог на преговарачкиот процес. Централното претседателство ќе заседава до крајот на неделава, велат партиски извори. Се вршат внатрепартиски консултации и средби со невладини организации, експерти и дипломати. ДУИ мора да постапува разумно и да донесе правилна одлука која ќе понуди развој а не уназадување на државата. Треба да донесеме добро и здраво решение, изјави Али Ахмети по одбележувањето на 16 годишнината од конфликтот во 2001 година.

„Се прават сите анализи во партијата,тие не резултираат со никакви атомски бомби ,се работи за конкретни прашања кои се однесуваат на интересите на Албанците и нивниот правен и политички статус..Мислам дека секоја брза реакција може да има фатални последици.Дуи никогаш не била субјект кој ги предизвикувал проблемите, туку напротив секогаш ги решавал.Мислам дека наскоро ќе има резултат и конкретен одговор.Треба да донесеме добра и здрава одлука“, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети. 

При носењето на одлуката ДУИ ќе го имаат и предвид мислењето на другите партии на Албанците за пакетот кој го нуди СДСМ. Ахмети вчера се сретнал со Зијадин Села. Било договорено Села да иницира заедничка средба на која ќе биде поканет и лидерот на Беса, Билал Касами. Партиите треба да се произјаснат за модалитетот на новиот Закон за употреба на јазиците. Алијансата за Албанците изрази подготвеност да му ги даде потписите за мандат на Заев, а потоа да се преговара за условите за формирање на новата Влада. Не ја исклучија можноста во втората фаза партиите од Албанскиот блок заедно да подготват нацрт Закон за употреба на јазиците  и да им го понудат на партиите од македонскиот блок. СДСМ ги чека потписите од ДУИ. Најбитно во овој момент е да се добие мандатот, вели Петре Шилегов.

Шилегов му порача на ВМРО-ДПМНЕ да престане да го заплашува народот со каква било дестабилизација на државата.

 

Беса ќе ги даде потребните потписи за добивање мандат без оглед дали ќе бидат или не дел од идната Влада, додека ВМРО-ДПМНЕ бара нови избори.

Јулијана Пешевска

Веста е прочитана 3855 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.