ДУИ добиле писмен документ и од ВМРО-ДПМНЕ

15 February, 2017 - 15:58

ДУИ добила писмен документ и од ВМРО-ДПМНЕ за време на преговарачкиот процес кој бил прочитан пред Централното претседателство, изјави за Телма Рафиз Алити. Тој содржел и распределба на министерските места. ВМРО-ДПМНЕ се согласиле со сите барања од Платформата на Партиите на Албанците со исклучок на продолжување на мандатот на СЈО. Токму тоа, според Алити било и главна пречка за непостигнување договор.

ДУИ е на потег. Алити смета дека од нејзината одлука зависи иднината на државата но и на партијата. Се водат интензивни разговори за формирање Влада со СДСМ, а се очекува деновиве Централното претседателство да заседава и да го разгледа пакетот што го нуди партијата предводена од Заев.

СДСМ чека ДУИ што поскоро да се произјасни и да се стави крај на политичката криза.

И дипломатите се оптимисти дека потребните потписи наскоро ќе се соберат.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека излез од кризата се само нови избори. Тврдат дека ДУИ од нив никогаш ниту побарале ниту пак тие им доставиле какви било писмени гаранции.

Јулијана Пешевска

Веста е прочитана 14733 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.