ФОТО: Драган Павловиќ Латас дојде во СЈО

30 March, 2016 - 13:16

Веднаш по прес конференцијата во СЈО дојде Драган Павловиќ Латас, во врска со пријава што ја поднел до Обвинителството, а поврзана со објавување аудио снимки од прислушувани разговори.

Од СЈО за Телма потврдија дека лицето се јавило како оштетено и поднело пријава поради објавување на нелегално снимени комуникации со приватен карактер.

На денешната прес-конференција специјалната јавна обвинителка Катица Јанева соопшти дека СЈО отвора нов предмет под називот „Тврдина“, кој се однесува на заштита на приватноста со нелегално прислушување.

Јаневска повика секој кој поседува незаконски стекнати аудио записи да ги достават до СЈО.

 

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.