ДЛУМ ги додели традиционалните годишни награди

4 December, 2015 - 21:56

По 62 пат Друштвото на ликовни уметници на Македонија ги додели  традиционалните годишни награди. Главната награда „Нерешки мајстори“ за сликарство и беше доделена на ликовната уметница Тања Балаќ.

Наградата „Нерешки мајстори“ за сликарство таа ја доби за нејзиното дело „Предградие на љубовта“. Станува збор за значајна награда со навистина долга традиција, вели Балаќ.     

Во Националната галерија на Македонија во објектот Мала станица беа изложени делата на 70 ликовни уметници членови на ДЛУМ. Тие се претставија со творби работени во различни ликовни техники и медиуми.

За сликарство наградата „Лазар Личеноски“  ја понесе Мирослава Трујкановиќ, наградата „Димитар Кондовски“ му припадна на Синиша Стефановиќ Кашавелски, наградата „Петар Мазев“ му беше доделена на  Станко Ѓорѓиев, а Златко Глигоров ја понесе наградата „Никола Иванов Балтон“. Лауреат на наградата за графика „Димче Николов“ е Славица Јанашлиева.

Нина Стефанова

Веста е прочитана 274 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.