Дисциплинска за екс-директорката на детска клиника Софијанова

13 October, 2017 - 16:11

Нова пракса на детската клиника - дисциплинска за изјава во медиум ако претходно не го известиш директорот. Овие документи со кои екс-директорката Софијанова се повикува на дициплинска одговорност утринава лично и ги врачила нејзината наследничка Ставриќ. Причина е тоа што без да ја праша дала изјава за телевизија Телма. Ставриќ не гледа проблем во нововоспоставевната пракса. Вели постапила согласно правилата на клиниката, усвоени пред две години, а според кои, лекарите мора да го известат директорот пред јавно да настапат во медиум. Но, без разлика што пишува во документите, уврува дека станува збор само за опомена. 

„Ова е чисто опомена до колешката дека треба да се следат процедурите кои сме ги усвоиле на клиниката и сме согласни дека ќе работиме по нив. Нема никава дисциплинска комисија, никакви последици по неа, но чисто како една опомена за понатаму дека сепак треба директорот да се извести. Не е ништо лично, не е ништо насочено против мојата колешка Софијанова“, вели сегашната директорка на детска д-р Катерина Ставриќ. 

Сиптоматично е и тоа што документите се архивирани уште пред три дена, а дури денска и се предедани на Софијанова, така што, рокот за одговор од пет, се скусува на два дена. Доколку пак се работи за опомена, пракса е докторот да биде повикан на разговор. Во изјавата заради која Ставриќ изготви известување за дисциплинска, Софијанова потенцираше дека и покрај опструкциите кои сигурно го следеле процесот, новата интензивна веќе треба да функционира. Условите за прием на пациенти се исполнети уште во април. Со Ставриќ се разидоа и околу последните загрижувачки статистики за починати бебиња.

Ниту од Министерствто за здравство не гледаат проблем во одлуката на Ставриќ. Заменик-министерот Гоце Чакаровски не ги видел лично известувањата до Софијанова, но раководтсвото на детска и него го информирало дека нема да има дисциплинска, туку само опомена. Вели, клиниката мора да ги почитува сопствените правила, но и дека нема да дозволат директор да му забрани на лекар јавно да го искаже својот став. Секој има право да го каже своето милење, дури и тоа да е дијаметрално спротивно на официјланиот став на здравствената установа, а  јавноста е таа која ќе суди, потенцира Чакаровски. Интензивната клиника која беше повод за ваквиот епилог конечно од денска е во функција. Софијанова се соочи со известување за дисциплинска во ист ден кога првите бебиња се префрлени во новиот оддел, кој пак на почеток ќе работи со ист капацитет како и досега, бидејќи клиниката кубури со кадар.

Весна Јовановска - Дојчиновска

Веста е прочитана 10438 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.