Димитров: Македонија се надева дека направи доволно да ја убеди ЕУ да почне пристапни преговори

14 September, 2017 - 10:24

Македонија се надева дека направила доволно да ја убеди ЕУ да почне пристапни преговори во момент кога веќе 25 години продолжува спорот со Грција, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Во изјава за Ројтерс, тој вели дека Грција не го прифатила веднаш минатомесечниот предлогот на Македонија, таа држава да го употребува името Поранешна Југословенска Република Македонија во другите меѓународни тела.

– Доколку оствариме доволно во смисла на реформи дома, се надеваме дека ќе го достигнеме стадиумот за преговори за членство во ЕУ, и истовремено ќе постигнеме договор за прашањето за името, изјави Димитров.

Според него, до членство во НАТО треба да се стигне со преговори. Димитров вели дека е потребно „Атина да ја види Македонија како сојузник...На долг рок тоа е и во интерес на Грција да има сосед држава во која владејат закони, изјави Димитров. 

Веста е прочитана 236 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.