Дилавер Бојку –Леку застрелан на плажа во Струга

14 August, 2017 - 17:29

На плажа во Струга со која стопанисувал е застрелан Дилавер Бојку, потврдија за Телма извори од истрагата. Нападот се случил околу 17 часот на плажата Аква-Блускај во центарот на Струга.

Со тешки повреди Бојку е префрлен во струшката болница. Од полицијата засега не соопштуваат детали, а во тек е формирање на полициски истражен тим кој ќе работи по насоките на обвинителот задолжен за истрагата.

Според последните информации, Бојку им подлегнал на повредите од огнено оружје во болница. 

Пред 15 години Бојку го доби прекарот „балкански бос на проституцијата“ по што следуваа негово апсење, минимални пресуди по што избега од Македонија, негова екстрадиција од Црна Гора, за на крај да се вклучи во легален бизнис во туризам и угостителство. 

М.С.

Веста е прочитана 19496 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.