Ден по смилковскиот масакр УБК изеле 19 десерти по цена од 280 денари за парче

13 July, 2017 - 16:32

Во МВР откриле сметка од 500 евра која во скопски ресторан била направена еден ден по смилковскиот масакр. Ја одобрил врвот на УБК, додека низ Скопје имаше протести, а беше прогласен и ден на жалост за 5-те убиени. Групата нарачала и изела 7 специјалитети на куќата-грниња, 19 десерти топло-ладно, секој по 280 денари и се испиле 6 вина кое тогаш чинело 20 евра за шише.

Ноќта кога загина Никола Младенов на автопат пред Скопје, во ресторан кај Капиштец, врвот на УБК одобрил сметка од која најголем дел се потрошени за француски коњак Мартел и вино Шардоне. Не биле трошени пари за јадење туку само за пиење алкохол и за 6 кафиња.

Податоците беа објавени на брифинг во МВР.

Миомир Серафиновиќ

Веста е прочитана 12509 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.