Демократски сојуз: ВМРО ДПМНЕ ја контролира политичката криза во земјата

19 March, 2017 - 18:39

Демократскиот сојуз смета дека политичката криза во Македонија е контролирана од раководството на ВМРО ДПМНЕ, која може да излезе од контрола и да се случи дестабилизација на државата од пошироки размери, со можни тешки и неизвесни последици.

Од патијата сметаат дека т.н. "Албанска платформа" се користи за поттикнување на национализам и нарушување на соживотот во Македонија, и апелираат сите партии, експерти и новинари, да се повлечат од оваа “платформа“ и да престанат да ја експлоатираат, а за сите  прашања да се отвори демократска и аргументирана расправа.

„Сите партии и граѓани знаат дека Влада може да формира партија или партии кои имаат најмалку 61 пратеник, а не помалку и дека должност на Претседателот  на Република Македонија е да го даде мандатот на партиите кои имаат мнозинство во Парламентот. Промената на власта е логична и потребна, за што се определија над 700 илјади граѓани од сите етнички заедници“,“, се вели во соопштението од партијата

Демократскиот сојуз оценува дека се созреани условите за избор на претседател на Собранието и реформска Влада на Македонија, додека локалните избори треба да се одложат најмалку за месец септември.

 

 

Веста е прочитана 945 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.