Дарко Димовски нов претседател на ССМ

6 December, 2017 - 16:23

В.д. претседателот на ССМ Дарко Димовски на денешното продолжение на Вонредниот конгрес е избран за нов претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Тој е избран преку јавно гласање со 68 гласа „за“ од вкупно 108 делегати кои присуствуваа на продолжението на Вонредниот конгрес кој денеска се одржа во Скопје.

Претседавачот на Работното претседателство на Конгресот Роберт Симоновски изјави дека Димовски е избран на најдемократски начин преку јавно гласање. Се очекува да се обрати новиот претседател Дарко Димовски кој досега ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Синдикатот.

Претходно, вториот кандидат Пецо Грујовски од УПОЗ го напушти Конгресот коментирајќи дека се работи за најконтроверзниот конгрес и оти изгубил и Синдикатот и работниците.

Веста е прочитана 1847 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.