Дарко Димовски избран за претседател на Сојузот на синдикати на Македонија

6 December, 2017 - 18:55

Со 68 гласа „ЗА“ од 108 делегати, Дарко Димовски станува претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. 3 часа, неколку точки и една кавга го одбележаа повторениот вонреден конгрес на синдикалците. Димовски изборот ќе го оцени како демократски и транспарентен, а како иден претседател најави нови реформи во организацијата и засилена борба за старите работнички проблеми.

Делегатите можеа да избираат меѓу двата кандидати, Димовски и претседателот на УПОЗ - Пеце Грујовски, кој, пак, од присутните делагати доби само два гласа, а неговиот кандидат го обвини за нерегуларности. Делегати предложиле да се гласа тајно за претседател, а мнозиството го отфрлило предлогот, по што Грујовски со делегати кои го поддржуваат демонстративно си замина од салата.

ССМ избра претседател по неуспешниот обид во Охрид откако делегатите одбија да гласаат за еден кандидат и побараа од претседателството да обезбеди и други кандидатури освен Дарко Димовски. Димовски, пак, доаѓа претседател од позициајта вршител на должност откако претседателството вонредно го разреши поранешниот претседател Живко Митревски, кому му беа поднесени кривични пријави за злоупотреба на положбата, беше утврдено дека уживал и привилегии кои не биле утврдени со прописите на синдикатот.

Дарко Димовки кој доаѓа од гранковниот синдикат за угостителство и туризам на оваа позиција останува наредните 2 години се до редовниот конгрес на кој повторно ќе се бира претседател.

Павле Беловски

Веста е прочитана 1534 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.