Дачиќ му ја испеа „Осман ага“ на Ердоган

11 October, 2017 - 13:19

Српскиот министер за надворешни работи повторно беше главен забавувач. Овој пат, на свечената вечера во Белград, во чест на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

По настапите пред амбасадорите со „О соле мио“, пред партиските истомисленици со„Миљацка“ и „концертот“ со грчки и српски песни за наставничките во Паралија, Дачиќ среде вечерата го зеде микрофонот и почна да пее на турски јазик, што предизвика воодушевување кај присутните, над сто турски бизнисмени кои му аплаудираа во тактот на музиката. Турскиот претседател изгледаше малку изненаден, но и тој се приклучи на аплаудирањето.

Веста е прочитана 5201 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.