Буџетот за 2016, слика на владеењето на ДПМНЕ

10 July, 2017 - 18:50

Завршната сметка на Буџетот за 2016 е слика на 10 годишното владеење на ВМРО ДПМНЕ, потрошени над 30 милијарди евра, долг од над  5 милијарди евра, криминал и грабеж врз граѓаните. Овој буџет не е развоен рече Васко Ковачевски, бидејки граѓаните не живеат подобро, не се остварени планираните приходи и расходи, а капиталните инвестиции се потфрлени за 80 милиони евра. Бројките според СДСМ покажуваат  дека буџетот во 2016 не бил насочен кон приватниот сектор, а се што сме произвеле отишло за плати и социјални трансфери.

Со оглед на политичката криза,завршната сметка според опозицијата покажува дека тогашната влада успешно се справила со економските предизвици и го спровела планираното. Посочија дека пратениците од власта и Министерот Тевдовски имаат различни ставови.

Буџетот за 2016 имаше два ребаланси и според завршната сметка  потфрлањето кај приходите изнесува 2,8%  кај расходите 6%, а капиталните инвестиции се реализирани 76% . Растот на БДП од првично планираните 4 % на крајот достигна 2,4 %.

Виолета З Стојановска

Веста е прочитана 3155 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.