Британското разузнавање негира дека го прислушувало Трамп

17 March, 2017 - 12:59

Британската разузнавачка агенција ги отфрли обвинувањата од САД дека била ангажирана за „озвучување“ и прислушување на заградата „Трамп Тауер“ во Њујорк, во која беше сместен изборниот штабот на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи ги таквите тврдења како „целосно бесмислени“.

Претходно, коментатор на американската телевизија Фокс, која важи за блиска до Трамп, ги обвни Британците дека ја извршувале задачата на прислушување за поранешната Администрација на американскиот претседател Барак Обама. Според истото тврдење, британска агенција била ангажирана затоа што Обама не можел да им се нареди такво нешто на некоја од американските служби како Агенцијата за национална бебзедноста (НСА), Централната разузнавачка агенција (ЦИА) или Федералното истражно биро (ФБИ).

Подоцна, со вакво обвинување од Вашингтон се огласи и Белата куќа, која преку портпаролот Шон Спејсер го повтори тврдењето на новинарот на Фокс, одново не нудејќи никаков доказ.

Реакцијата на Белата куќа дојде откако истрагата на сенатскиот Комитет за разузнавање заклучи дека се невистините тврдењата дека биле прислушувани разговорите во штабот на Трамп, пред да биде избран за американски претседател.

Според Спејсер, домашните разузнавачки и безбедносни агенции не можеле да бидат вклучени, па затоа била побарана помош од Британците и нивниот главен прислушен центар.

Британските медиуми велат дека агенцијата „не може да поверува дека вакви обвинувања“ се упатени на нивна сметка и тврдењата на Фокс и на Белата куќа ги оценуваат како „глупост и обично ѓубре“, кое требе да се игнорира.

Ова е првпат некој од Белата куќа во Вашингтон за шпионирање да ја обвини британската агенција.

Во интервју во средата, откако конгресната истрага ги отфрли тврдењата за прислушување, претседателот Доналд Трамп навести дека „многу скоро“ ќе даде докази за своите обвинувања.

Во оваа прилика, Трамп повеќе не зборуваше за „озвучување и прислушување“, туку за „следење и надгледување“ на неговите активности. 

Веста е прочитана 447 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.