Брисел ќе го следи исполнувањето на европските реформи

6 July, 2017 - 17:32

Доколку државата ги спроведе реформите конечно ќе се придвижи напред смета евроамбасадорот Самуел Жбогар. Брисел ќе ги следите чекорите што ќе ги преземе Македонија во наредниот период. Првите резултат и колку е постигнато од планираното ќе биде мерливо за три месеци. Тоа е првиот рок што си го постави Владата за во планот 3-6-9.

-Добро е тоа што владата излезе со план. Премина од само зборување за реформите во  ставање на реформите на хартија. Конкретни чекори што треба да бидат направени во следните 3 месеци се мерливи. Ние тоа го подржуваме но  треба да се оди чекор по чекор и да се надеваме дека следните три месеци ќе се реализираат сите работи и тоа ќе го одржи оптимизмот во земјата и во Брисел, истакна Жбогар.

Од институтот за европски политики велат дека планот 3-6-9 делува амбициозен и дека се води од забелешките на  експертската група на Прибе.

Поранешниот претседател на Дик Алексанар Новаковски очекува со предложените мерки а да се спречи со влијанието и да се отрстранат голем број од забелешките на ОБСЕ/ ОДИХР,  но смета дека и понатаму ќе остане проблемот со избирачкиот список и начинот на одлучување по приговорите во ДИК.

Во делот на судските реформи Новаковски вели за нивно спроведување потребен е подолг период. За донесувањето на законите во правосудството ќе биде потребен консензус меѓу политичките партии.

Планот 3-6-9 што го претстави вчера Владата предвидува мерки и активности кои се однесуваат и на други области : медиуми, собрание, рамковен договор,  реформа на безбедносните служби, борбата против организираниот криминал и корупција, реформата на јавната администрација, инклузивност на граѓанскиот сектор, миграции.

Елена Ивановска Мукоска

Веста е прочитана 1018 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.