Брглез: Неопходен е похрабар чекор во насока на евроинтергацијата на Македонија

12 September, 2017 - 15:43

Македонија е на добар пат кон евроинтеграцијата, но е неопходен похрабар чекор во таа насока, изјави претседателот на словенечкиот Парламент, Милан Брглез, кој денеска е во посета на Македонија. Брглез кој беше пречекан со највисоки државни почести, се потпиша во книгата за впечатоци, за подоцна, пред пратениците и вербално да го пренесе впечатокот дека, стабилноста на регионот ќе биде поголема доколку сите земји кои произлегуваат од поранешна Југославија станат дел од ЕУ.

Брглез го пренесе словенечкото искуство за решавање на спорот со соседите, велејќи дека споровите мора да се решаваат исклучиво по мирен пат, а одлуките на европските судови да се почитуваат. 

Ни се заблагодари за справувањето со мигрантската криза, велејќи дека, тоа што го направи Македонија за останатите држави на Балканскиот пат и за земјите од ЕУ, заслужува целосно признание, а не вакво попречување какво што го чувствува сега. И претседателот на Собранието, Талат Џафери, на средбата што му претходеше на обраќањето, посочил на потребата за координирано справување со мигрантската криза и се заблагодарил за поддршката што Словенија и ја дава на Македонија за влез во НАТО и во ЕУ.

Словенија меѓу првите ја призна Македонија под уставното име, а годинава се одгбележуваат 25 години од дипломатките односи.

Далиборка Демјанска

 

Веста е прочитана 976 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.