Бизнисот тоне, банките нижат профити

18 March, 2017 - 16:05

Банките пласираат големи суми во државни хартии од вредност, како и во благајнички записи, што според експертите, е сигнал дека економијата е во криза, а во реалниот сектор нема проекти што би можеле да бидат кредитирани.

А, во време кога стопанството едвај крпи крај со крај, банките книжат се поголеми профити. Минатата година банкарскиот сектор ја завршил со вкупна добивка од 103 милиони евра, што е пораст за над 27 милиони во однос на претходната 2015.

Банкарите неофицијално велат дека една од причините за растот на добивките, е постојаното намалување на каматите на заштедите.

Експертите сметаат дека во однос на капиталот, банкарските добивки и не се толку фасцинантни.

Банките располагаат со близу четири милијарди евра евтини пари од граѓаните, кои би можеле да се пласираат во стопанството, објаснуваат бизнисмените.

Бизнисот се жали дека ги живее едни од најтешките мигови. Предупредува дека се можни и отпуштања на вработени.

Најсилните профити лани повторно отишле кај големата банкарска четворка, која регистрирала вкупна добивка од 90 милиони евра.

 

Нина Нинеска Фиданоска

Веста е прочитана 4169 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.