Бесплатен превоз само за дел од учениците

9 November, 2017 - 21:50

Веќе е стемнето кога на Кристијан Атанасов му завршува последниот, седми час, во училиште. До дома се враќа пеш, користејќи ги осветлените улици. Нe го користи јавниот превоз бидејќи не му следува бесплатна ученичка карта. Според законот, ваква привилегија имаат само учениците чие место е живеење е оддалечено најмалку 2,5 километри од средното училиште во кое се запишани.

Предвидените 2,5 километри воопшто не се занемарливи. Така на пример доколку  некој ученик живее на улица Загребска во Кapиштец, потребни му се 27 минути за да дојдат пеш до средното училиште Орце Николов. Подеднакво долго е и потребното  време за некој кој живее на улицата Димитрие Чуповски во градски ѕид, а до ова училиште речиси половина час треба да пешачи ученик од улицата Петре Пиризе која се наоѓа во  близина на Лeптокарија. Во ваква ситуација многумина се снаоѓаат како знаат и умеат.

Овие ученици се обесправени во однос на останатите по неколку основи. ОСвен што плаќаат за јавен превоз кој понекогаш го користат за побрзо и полесно да дојдат до училиште, тие издвојуваат средствa за автобуски  картички и кога треба да пристигнат на места на кои се предвидени вон училишни активности.

Списоците на учениците на кои им се потребни бесплатни ученички билети се прават во матичните училишта. Потоа тие се доставуваат до градот Скопје и до јавното сообраќајно претпријатие. Тие се основа за изготвување фактура која ЈСП  потоа ја доставува до градот. Пракста покажала дека не се ретки ситуациите кога по грешка се одбиле ученици, односно им пресметале помала оддалеченост меѓу местото на живеење и училиштето.

Според Пандиловска, градот Скопје прави проценки и анализи за во следниот буџет за 2018-та година да предвиди средства за бесппатни ученички билети за сите ученици, а не само за оние чие место на живење е оддалечено најмалку 2,5 километри од училиштето во кое што се запишани. Во моментов оваа привилегија ја користат 19 659 илјади ученици. 2000 не се корисници. За оваа намена месечно на сметката на ЈСП легнуваат 20 милиони денари.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 6349 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.