Бегалци-заложници причина за состојбата во Арачиново и во Липково?

25 March, 2016 - 23:13

Безбедносни извори за Телма тврдат дека на терен во липковско има само „проверка на локации и претрес на терен и на напуштени објекти долж граничната линија која е прогласена за кризно подрачје“. Од МВР претходно потврдија дека има повеќе блокади кај селата Арачиново, како и контроли во близина на повеќе села во липковско. 

Вчера во реонот на Ваксинце се пронајдени мигранти кои неколку дена биле држени од непозната вооружена група, тврдат безбедносни извори за Телма.

Претходно повеќе медиуми шпекулираа дека полициската активност во Липковско и во Арачиново е предизвикана од потрага по вооружена косовска група чии припадници се блиски на терористите обвинети за Диво Насеље.

Од МВР ги негираа овие шпекулации и тврдат дека ситуацијата е под контрола. 

Весникот Коха пак објави дека полицијата трага по лице од Бангладеш, познато како Тони кој според информации на весникот бил водач на вооружена група која земала во заложништво бегалци избегани од кампот Табановце. Бегалците биле држени на сила во напуштени куќи во селото Лојане, според Коха слично на случајот со Али баба, бегалец кој во Ваксинце минатата година од бегалците наплатуваше престој и не ги пушташе бегалците сами да патуваат кон север. Жители на Слупчане за Коха негирале дека во нивното село има полиција и вооружена косовска група. Полицијата според нив била надвор од селото.

Веста е прочитана 291 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.