Бајруш Сејдиу е пуштен за слобода

18 September, 2017 - 17:51

Бајруш Сејдиу е пуштен за слобода од затворот од Штип, дознава Телма. Се работи за отпуст поради влошена здравствена состојба на сопругата на Сејдиу, а е со одлука на управата за извршување санкции, потврдуваат од Штипскиот затвор. Тој на слобода ќе биде 20 дена велат од таму. Слично како Сејдиу пред десетина дена за прв пат на слобода беше пуштен и Агим Красниќи. Тој пак доби право на викенд, а до одлежување на казната затвор има уште пет години. Инаку Сејдиу на јавноста и стана попзнат како кумановскиот тобако бос поради производство на фалсификувани цигари, додека Красниќи како кондовскиот командант беше осуден за тероризам, поради кондовската опсада на Скопје. 

Веста е прочитана 6960 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.