Армијата подготвена за НАТО

19 June, 2017 - 16:20

Армијата на Република Македонија е подготвена за брз влез во НАТО. Ова прашање не е воено ,туку политички условено, смета бригадниот пешадиски генерал Мирче Ѓоргоски кој денеска го пречека претседателот Ѓорѓе Иванов. Од шаторот за команданти заеднички ја надгледуваа воената вежба со која дел од македонската армија којашто во септември ќе треба да полага за да си ја задржи позитивната оценка пред  НАТО алијансата.

Храната за команданиот штаб и оперативците пристигна со хеликоптер, додека задачите од командниот штаб преку комуникациски системи се пренесува до силите. Вежбата треба да покаже дека повеќе од 700 војници и опрема од пешадијата со поддршка на авијацијата можат да извршуваат комплексни задачи за потребите на НАТО војските.

Павле Беловски

Веста е прочитана 1523 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.