Апелација го потврди притворот за Сеад Кочан

16 March, 2017 - 16:58

Скопскиот апелациски суд го потврди притворот за бизнисменот Сеад Кочан. Во соопштението од судот, информираат дека жалбата на адвокатот на Кочан, Никола Додевски, е делумно уважена. 

Претходната одлука за притвор на кривичниот совет на Основниот суд Скопје, беше определна по три основи, а сега со решението на апелација, се определува само по една точка, односно, поради опасност од бегство.

Бизнисменот Кочан е првоосомничен во сличајот „Труст“, кој го води СЈО за учество во тендер на ЕЛЕМ со наместена документација при што државата е оштетена за 17 милиони евра.

Откако минатата недела кривичниот совет му одреди 30-дневен притвор, тој стана недостапен за полицијата.

 

Веста е прочитана 11685 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.